Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕКТЕШИ МУ ПОМАГА НА ТУРИЗМОТ - со законски измени сите трговци на мало во туристичките места ќе работат и во недела и на празници

БЕКТЕШИ МУ ПОМАГА НА ТУРИЗМОТ - со законски измени сите трговци на мало во туристичките места ќе работат и во недела и на празници

Министерството за економија достави до Собранието Предлог за измени и дополнувања на Законот за трговија, со кои се дава предлог во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници.

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се доставени до партениците за нивно разгледување и усвојување во Собранието.

„Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година.

Надоместокот од 100 проценти дневница за работа во недела и празници останува за трговците на мало во туристичките места да ја платат на работниците“, се вели во соопштението од Министерството за економија.

Слично

Поврзани вести