Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕКТЕШИ: Мое лично мислење е дека треба да има одговорност за енергетската криза

БЕКТЕШИ: Мое лично мислење е дека треба да има одговорност за енергетската криза

Владата не разгледувала денеска на седница за евентуална одговорност за енергетската криза, изјави министерот за економија Крешник Бектеши откако соопшти дека Владата ја усвоила одлуката за прогласување кризна енергетска состојба. Сепак тој рече дека негово лично мислење е дека треба да има одговорност и најави дека му препорачале на ЕСМ да изготват извештај за работата на компанијата, за подружниците и за личната работа на раководните лица вклучувајќи го и директорот на Васко Ковачевски.

„Препорачано му е на Управниот одбор да изработи извештај за работата на ЕСМ,  подружниците па и РЕК Битола и тој извештај ќе покаже каде се проблемите и дали и кој ќе сноси одговорност. Мое лично мислење е дека треба да има одговорност, но сега треба да се справуваме со енергетската криза прво, па потоа ќе донесеме одлуки за одговорноста, рече Бектеши. 

Фактор утрово објави дека за енергетската криза ќе следуваат разрешувања, а Бектеши со овој одговор само ја потвр оваа информација. Според нашите извори имало предлог Ковачевски да се разреши на денешната владина седница. но во досегашниот тек на седницата тоа не се случи. Кадровските прашања не се ставаат како точка на дневен ред.

 


Слично

Поврзани вести