Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Минималната плата се уште не е утврдена

Бектеши: Минималната плата се уште не е утврдена

Од кабинетот на министерот за економија Крешник Бектеши утрово ги демантираат информациите дека е одлучено зголемувањето на минималната плата наскоро законски да се утврди на сума од 15.500 денари, како што пренесоа одредени медиуми. Од таму велат дека анализата се уште е во тек. Претходно, владини извори тврдеа дека таа ќе изнесува околу 16.000, односно многу повеќе од актуелниот износ од 12.500 денари.

„Во врска со информацијата изнесена за минималната плата во прилогот на ТВ21, ве известуваме дека покачување на минималната плата е предвидено, но висината не е се уште утврдена бидејќи во тек се консултации со коморите и работодавачите", гласи корекцијата од страна на Крешник Бектеши.

Вчера министерот истакна дека Владата работи на посебен закон за зголемување на платите во приватниот сектор, при што државата ќе ги покрие трошоците за придонесите.

„Наскоро се очекува пораст на минималната плата во земјата, врз основа на економскиот раст кој го имавме во текот на годината, истовремено и зголемувањето на индустриското производство. Сметаме дека има простор за значителен раст на минималната плата, но како Влада работиме на посебен закон за зголемување на платите во приватниот сектор каде државата ќе ги покрие придонесите. Паралелно работиме на два нови проекти“, изјави Бектеши.




Слично

Поврзани вести