Бектеши: Ќе ги контролираме профитните маржи на странските производи во трговијата
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска пред медиумите објави дека е разработен дополнителен план за спречување на ценовните шокови и инфлацијата со тоа што производните маржи на странските производи увезени во трговијата нема да може да бидат поголеми од 5 отсто. Главно ова ќе бидат основни прехранбени производи.
- Една од опциите е да се даваат маржи во делот на увоз на прехранбените производи и во делот на трговија на мало и големо. Тоа значи дека нема да има замрзнување на цените, туку само ќе се дава маржа, имајќи во предвид дека неколку производи кои не се произведуваат во нашата држава, а се увезуваат, може да имаат многу големи цени, а со ваква мерка дополнително ќе влијаеме на цените, рече министерот.
Маржата ќе може да се фиксира така што ќе се следат фактурите на трговците доставени при увоз до Царинската управа и ќе се следи ланецот на набавка до самите маркети
