Бектеши кажа дека преговараат со Косово за набавка на јаглен
Министерот за економија Крешник Бектеши во изјава за ТВ Телма вели дека Владата преговара со Косово за набавка на три милиони тони јаглен.
Kжа дека веќе доставиле меморандум за соработка и рамка, во однос на параметрите што ни требаат за да функционираат нашите електрани, во однос на квалитетот на јагленот што треба да се увезе од Косово.
„Очекуваме во рок од три, најдоцна четири месеци, да склучиме договор за наредните пет години, сѐ со цел да имаме константно производство на електрична енергија во нашите термоелектрани“, рече Бектеши.
Вели дека целта е да ја продлабочат и соработката со Косово во делот на енергетиката. Македонските граѓани се во исчекување за тоа колкаво ќе биде поскапувањето на струјата во новата година.
