Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Инвестиција на иселеник во Македонија ќе биде поддржана до 1 милион евра

Бектеши: Инвестиција на иселеник во Македонија ќе биде поддржана до 1 милион евра

Секоја инвестиција на иселеник во Македонија ќе биде поддржана до 1 милион евра. Ова го соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши. 

„Секоја инвестиција на иселеник во Република Северна Македонија ќе биде поддржана до 1 милион евра неповратни средства од Владата, со цел да се вратат нивните напори во својата земја“, изјави Бектеши, на свеченото отворање на фабриката за производство на бакарни жици и цевки.

Со најновите законски измени, секоја инвестиција што ќе се случи во Македонија од кој било иселеник што работел и делувал во дијаспората претходните 5 години ќе добие поддршка со дополнителни 15 отсто кои припаѓаат на странска компанија која не е во сопственост на граѓанин или сонародник.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи вели дека ја охрабруваат дијаспората да инвестира во татковината. Им нудат финансиска и партнерска помош. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести