Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Инспекторите не можат да ги контролираат поскапувањата зошто им се врзани рацете

Бектеши: Инспекторите не можат да ги контролираат поскапувањата зошто им се врзани рацете

Министерот за економија Крешник Бектеши образложува дека неконтролираното поскапување на прехранбените производи не може да се спречи се додека Собранието не го изгласа предложениот закон за потрошувачите. Министерот за економија Крешник Бектеши апелира до пратениците што поскоро да се изгласа овој закон. 
Тој се согласува дека надлежните инспекторати треба да бидат поефикасни на терен и да дејствуваат. „Без разлика на капацитетот што го поседуваат (инспекторатите), тоа е максимумот што можат да го направат во моментов. Затоа, уште еднаш повикувам што поскоро да се изгласа законот за заштита на потрошувачите, бидејќи има дополнителни можности пазарниот инспекторат и другите инспекторати да преземат уште порадикални мерки за оние кои имаат корист од економската криза, дали од производители, од мали трговци или од големи трговци“, рече Бектеши денеска.
Тој додава дека доколку се изгласа Законот за потрошувачи, компаниите кои профитираат од кризата може да бидат казнети, а може да се донесе и одлука за целосно замрзнување на цените на основните производи. 
 „Точно е дека со утврдувањето на профитната маржа различни компании ги зголемуваат оперативните или производствените трошоци од производството, велејќи дека е зголемена цената на струјата, цената на репро материјалите за производство на финалниот производ, кои се прифатени како пресметка во рамките на оваа одлука. Рековме дека кога ќе се изгласа законот, врз основа на анализите на пазарниот инспекторат, веројатно ќе има директно замрзнување на цените на основните производи“, изјави Бектеши.


Слично

Поврзани вести