Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Имаме меморандуми за летување со Турција и Бугарија, но не со Грција

Бектеши: Имаме меморандуми за летување со Турција и Бугарија, но не со Грција

Министерот за економија Крешник бектеши вели дека Македонија се уште нема воспоставено контакт со Грција за да можат нашите туристи во пресрет на туристичлката сезона да патуваат во оваа земја, но дека во наредниот период ќе се направи обид за склучување на меморандум како тој што го има Србија.

Меморандумот за разбирање во услови на пандемија, кој го усогласија Србија и Грција, им овозможува на вакцинираните граѓани на двете земји да влезат во другата земја од 1 мај до 1 октомври.

Лпга станува збор за „аитгоинг“ туризмот. во контакт сме со сите земји. Тоа не зависи само од Македонија, тоа зависи и од другите држави. Во моментов немаме контакт со Грција, имаме само со Турција и Бугарија, со која имаме меморандум. Во наредниот период ќе воспоставиме контакт, за сепак да можат таму да патуваат граѓаните на нашата држава, рече Бектеши.

Во моментов се уште е неизвесно дали граѓаните ќе можат за време на туристичката сезона да летуваат во Грција, каде вообичаено ги минуваат летните одмори.

Слично

Поврзани вести