Бектеши и Скрекас потпишаа: Ќе се гради гасоводот помеѓу Македонија и Грција
Грчкиот министер за животна средина и енергетика Костас Скрекас и министерот за економија на Македонија. Крешник Бектеши, денеска во Атина го потпишаа договорот за енергетска интерконекција, односно за изградба на гасоводот помеѓу двете земји. Со реализацијата на проектот Македонија станува енергетски коридор за земјите од Југoисточна Европа.
„Ова е важно за еконмомијата во целина и за конкурентноста на нашите компании, а природниот гас ќе продолжи и на пазарите во Косово и Србија. Ја користам приликата да му се заблагодарам на грчкиот министер за одличната соработка“, изјави Бектеши по чинот.
Интерконекторот за природен гас е во вредност од околу 100 милиони евра, од кои 54 милиони евра ги инвестира Македонија.
„Овој проект отвора огромна можност, не само за Северна Македонија, туку и за земјите од Западен Балкан и конечно ќе донесе диверзификација на природен гас“, истакна претходно премиерот Зоран Заев во своето обраќање на конференцијата на „Економист“.
