Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Главните ресори ги води ДУИ

Бектеши: Главните ресори ги води ДУИ

Министерот за економија Крешник Бектеши во синоќешната емисија на Клан Македонија истакна дека не се согласува со тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно главните политички одлуки во државата се носат во седиштето на ДУИ. 

Според него, тоа така се перцепира затоа што министрите од ДУИ во моментов се поактивни како резултат на нивните важни должности и функции. Поради оваа причина, според него, може да има такви согледувања.

„Владините одлуки се носат во Владата на РСМ. Се случи во овој тежок период главните ресори да ги води ДУИ“, рече меѓу другото Бектеши.

Тој е убеден дека неговата партија е прва во албанскиот политички блок и дека датумот на изборите не им е важен.

Според министерот, овој мандат на актуелната власт треба да заврши и потоа да се оди на избори.

Слично

Поврзани вести