БЕКТЕШИ ГИ ПОВИКУВА ГРАДОТ СКОПЈЕ И СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ - барем платете ги сметките за парно за декември
Министерот за економија Крешник Бектеши ги повикува градот Скопје и скопските општини да ги платат сметките за декември.
Во гостување на Сител телевизија тој ја информираше јавноста дека тие тоа до ден денеска не го сториле.
„Сакам да ги повикам Градот Скопје и општините во склоп на Градот Скопје барем да ги платат сметките за топлинска енергија за месец декември, бидејќи до ден денес тоа не го направиле. Минимум што можат да направат е да ги платат сметките за парно греење“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во Дневникот на Телевизија Сител.
Слично
