Бектеши ги објави седумте компании кои направиле пропуст во тргувањето со мазутот
Крешник Бектеши, министерот за економија, ги соопшти имињаата на седумте компании кај кои се констатирани пропусти со дистрибуирањето на мазут во земјата и објави дека истите се казнети со 55.510 евра.
Станува збор за РКМ Доел, Супертрејд, Евротим, Пертинакс Скопје, Ли-Оил, Блу Технолоџи и КА-Оил. Кај дел од нив немало залихи, било констатирано погрешно водење на сметководството, отстапки во квалитетот, а некои имале привремени забрани за работење, односно им била одземена лиценцата.
Бектеши рече дека понатаму сите овие трговци ќе бидат пријавени во Регулаторната комисија за енергетика за понатамошно постапување според прописите.
- Како што најавив минатата недела, заедно со Државниот пазарен инспекторат во наредниот период ќе спроведеме засилени контроли за сите деривати со мобилната лабораторија, рече Бектеши.
