Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕКТЕШИ ДО НОВИНАРКА: Ако знаете колку ќе биде цената на гасот во март, дојдете во Комисијата, да ни помогнете

БЕКТЕШИ ДО НОВИНАРКА: Ако знаете колку ќе биде цената на гасот во март, дојдете во Комисијата, да ни помогнете

Денеска попладне Владата на седница ќе го разгледа Договорот за техничко економска соработка склучен меѓу ЕСМ и БЕГ, и се очекува да го одобри, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Ова следува пред утрешното преземање од страна на ЕСМ на снабдувањето со топлинска енергија од БЕГ. 

Тој потврди дека државата ќе вбризга пари во ЕСМ со цел да се надмине разликата меѓу реалната цена на гасот и сумите што граѓаните ги плаќаат за парно, со оглед на високата берзанска цена на овој енергенс, но не откри колку ќе изнесуваат државните средства што ќе се исплкатат за таа намена. Единствено кажа дека трошоците за гас се до утре, односно до 21 јануари, ќе ги покрива БЕГ, а потоа паѓаат на товар на државата. 

„Од утре ЕСМ ќе управува со БЕГ снабдување, БЕГ дистрибуција и БЕГ произвиодство, со цел граѓаните во континуитет да се снабдуваат со топлинска енергија се до завршувањето на грејната сезона“, рече министерот за економијса. 

Бектеши ветува дека договорот кој ЕСМ го има склучено со БЕГ ќе биде јавно објавен, но како што рече, тој ќе биде објавен од страна на ЕСМ. 

Нагласи дека ЕСМ снабдувањето со парно за граѓаниоте ќе го врши без за себе да ја зема маржата. 

Министерот тврди дека испораката на топлинска енергија нема да се намалува, напротив, „граѓаните ќе имаат парно греење се до 1 часот по полноќ“.

Од друга страна, пак, во Уредбата за кризна состојба која ја донесе Владата и која важи од 15 јануари, се вели дека ако има проблем во снабдувањето со гас, ќе се намалува времето на испорака за два часа за домаќинствата, како и обемот на испорака за 30 отсто во деловните и во државните објекти.

„Не верувам дека ќе биде намалена температурата во домовите, таа ќе биде согласно правилникот односно 20 плус еден степен“, рече Бектеши. 

На прашање на новинарка какви се прогнозите за цените на гасот и по која цена за овој енергенс ќе биде склучен договорот меѓу БЕГ и ЕСМ, Бектеши рече. 

„Ако вие знаете колку ќе изнесуваат цените на гасот во март, бидејќи станува збор за берзански цени, тогаш јас ќе ве повикам да дојдете и да учествувате во комисијата, да ни помогнете. Инаку, договорот меѓу БЕГ и ЕСМ ќе биде врз основа на фјучерси за гасот кои се однесуваат на февруари“, рече Бектеши.  

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести