Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: Бугарија не ги замрзна цените на струјата, туку ќе ги регулира

Бектеши: Бугарија не ги замрзна цените на струјата, туку ќе ги регулира

Крешник Бектеши, министерот за економија, денеска пред медиумите рече дека бугарскиот парламент ја замрзнал цената на електричната енергија за да ја регулира истата, бидејќи таму пазарот бил целосно либерализиран.

Како членка на ЕУ, Бугарија има целосно либерализиран пазар, а сега преминува во регулиран пазар, објаснува министерот.

- Замрзнувањето на цената на електрична енергија значи регулирање на пазарот на електрична енергија од страна на Република Бугарија. Тоа веќе се прави во нашата држава. Го правиме тоа годинава, ќе го правиме и следната. Имаме обврска најмалку 60 отсто од потребите на електричната енергија да ги покриеме кај универзалниот снабдувач, а ние ги покриваме 100 отсто. Тоа значи дека универзалниот снабдувач нема да може да оди со повисока цена од онаа која ние ќе ја одредиме преку Регулаторната комисија за енергетика, рече Бектеши.

Тој најави дека следната недела АД ЕСМ ќе добие дополнителни 15 милиони евра за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, на веќе префрлените 65 милиони евра за справување со енергетската кризна состојба.

Министерот наведе и дека хидропотенцијалот е подобрен во овој период и дека очекува поскапување на сметките за домаќинствата за електрична енергија да не бидат поголеми од 10 отсто.




Слично

Поврзани вести