Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бектеши: 600 пекарници ќе добијат поевтина струја

Бектеши: 600 пекарници ќе добијат поевтина струја

Министерот за економија, крешник бектеши, при денешната посета на РЕК Осломеј, во изјава за медиумите рече дека 600 пекарници ќе добијат поевтина електрична енергија за мали потрошувачи.

Оваа мерка ќе оди заедно со претходно најавената за 200 компании кои вршат производство на основни прехранбени производи. За сите 800 субјекти цената на електрична енергија ќе биде по 80 евра за мегаватчас.

- За сите овие компании веруваме дека нивната потрошувачка нема да биде над 33 гигават часови, така што нема да надминат помош од 3,5 милиони евра. За помошта за електрична енергија за средни и основни училишта фискалните импликации би биле до 2 милиони евра , а исто толку и за водоводите, кои најавија поскапување на своите услуги поради високите сметки, но Владата нема тоа да го дозволи, рече Бектеши во Кичево.

Пред почетокот на втората половина од 2022 беше одлучено електричната енергија за малите потрошувачи, во кои спаѓаат и пекарниците, да поскапи многу повеќе во однос на покачената цена за домаќинствата.

Слично

Поврзани вести