Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беким Незири го презеде ресорот економија од Ваљон Сарачини

Беким Незири го презеде ресорот економија од Ваљон Сарачини
Беким Незири и официјално седна во министерската фотелја во Министерството за економија. Тој денеска ја презеде должноста од неговиот претходник Ваљон Сарачини. На примопредавањето, Сарачини ги претстави сите проекти во неговиот мандат, а како несупешен го наведе проектот Чебрен и Галиште. Незири, пак, најави раст на економијата, привлекување странски инвестиции, зголемување на извозот и подобрување на деловната клима. „Знаејќи дека во програмата на Владaта и програмата на партијата која ја претставувам, главните стратешки приоритети се економијата и евроинтеграциите, за мене како министер претставува огромна чест, и уште поголем предизвик да се посветам на нивна реализација“, рече Незири. Новиот министер за економија не е економист. Во својата биографија доставена во Собранието, од образование навел дека завршил Правен факултет во Тетово и постдипломски студии за Управување во јавен сектор. На позицијата министер доаѓа од функцијата директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а претходно бил директор за економски и правни работи во МАНАВ. Како лични способности и вештини навел познаваење на јазици – албански (мајчин јазик), македонски и англиски.    
Слично

Поврзани вести