БЕЈЛИ УВЕРУВА: Ќе и помогнеме на Македонија да излезе од политичката криза
Помош за излез на земјава од политичката криза вети амбасадорот на САД Џес Бејли при денешната посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Оттаму Бејли порача дека амбасадорите остануваат во контакт со политичките лидери за излез на Македонија од политичката криза и дека за идните чекори ќе информираат наскоро.
„Останувам во контакт со сите лидери на политичките партии. Денеска сум овде да зборувам на друга тема, но секако ќе останеме во контакт, ќе се трудиме да и помогнеме на Македонија да излезе од оваа политичка криза. Ќе ве информираме за следните чекори што планираме да ги направиме“, посочи Бејли.
Тој денеска имаше средба со ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев и одржа предавање на студентите од Правниот факултет.
