Бејли смета дека сега е најдобро време за решавање на името
Амбасадорот на САД, Џес Бејли, денеска изјави дека не постои подобро време од сега да се одврзе јазолот околу спорот за името, при што САД и другите пријатели се подготвени да помогнат на Македонија и Грција.
Тој тврди дека земјата треба да ги искористи можностите и да го надмине спорот со името со Грција, ако сака да се докаже како соодветен кандидат за влез во НАТО.
„Кредибилни избори, работата на СЈО, реформите во медиумите, заедно испраќаат стратегиска порака до вашите идни НАТО сојузници за вашата посветеност на вредностите на Алијансата. Меѓутоа, полу-мерките испраќаат спротивна порака и може да ја поткопаат поддршката. Така што, овие три области, заедно со односите со Грција, со одбранбените можности и демократијата и владеењето на правото, нудат можности и се признание за многуте предзивици околу нас. Мојата порака е едноставна, искористете ги овие можности “- кажа Бејли.
Преку имплементација на договор од Пржино и создавање услови за кредибилни избори, Македонија ќе покаже компетентност за членство во НАТО, порача Бејли.
