Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бејли се размина со Јанкулоска и Милошоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски го нема?

Бејли се размина со Јанкулоска и Милошоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски го нема?

Џес Бејли после два часа разговори со владеачката партија го напушти седиштето на ВМРО-ДПМНЕ а медиумите јавуваат дека екс министерката Гордана Јанкулоска и  пратеникот Антонио Милошоски пристигнале таму.

Извор за фактор брифираат дека во моментов извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ има седница .

Пред тоа претставници на ВМРО-ДПМНЕ се сретнаа со европратеничката тројка Вајгл, Ховит и Кукан на која не присуствуваше партискиот лидер Никола Груевски.

Засега не е познато каде е екс премиерот Никола Груевски.

Дел од медиумите шпекулираат дека седницата на Собранието на која ќе се донесе одлука за не(распуштање) на Законодавниот дом е закажана за 23.30 но засега оваа информација не е официјална.

Oпозицијата пак денеска пред средбата со европратеничката средба најави дека депонира условени оставки во Собранието.

Слично

Поврзани вести