Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бејли негира дека САД прави теории на заговор против Македонија

Бејли негира дека САД прави теории на заговор против Македонија

Амбасадорот на САД, Џес Бејли денеска ги отфрли обвинувањата дека САД се обидуваат да ја поткопаат стабилноста на Македонија.

Напротив, тој вели дека САД го поддржуваат владеењето на правото во земјата. Бејли објаснува дека во американската амбасадата во Скопје често гледаат приказни во медиумите за теории на заговор и обвинувања дека САД се мешаат во домашните работи во Македонија и преземаат акции за дестабилизирање на земјата.

„Веруваме дека повеќето граѓани во Македонија, исто како и ние, ја препознаваат апсурдноста на ваквите приказни. Сепак, по неколкуте неодамнешни обвинувања за наши вработени и програми, дозволете ми да појаснам, особено за нашата поддршка за владеењето на правото“- стои во соопштението.

Бејли рече дека во последните 15 години, американската влада помогна со повеќе од 55 милиони долари за развој на капацитетите на македонските судови, судии, обвинители, адвокати и слично.

Тој потсети дека актуелната политичка криза во Македонија поттикнала обвинувања за злоупотреба на власта и за можно криминално однесување, а лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија се согласиле,  по што Собранието едногласно го изгласало создавањето на новата независна институција – Канцеларијата на специјалното јавно обвинителство.

„Без разлика дали СЈО ќе биде успешно во спроведувањето на непречени, непартиски, како и професионални истраги со целосна поддршка од сите институции, тоа ќе биде вистински тест за владеењето на правото во оваа земја. Со оглед на клучната улога во воспоставување на правна одговорност, САД го поддржуваат СЈО со обука и со помош, исто како што им помагавме на македонскиот судски систем, Јавниот обвинител и на полицијата од независноста на Македонија“ - вели Бејли.

Тој се надева дека ќе им помогнат на граѓаните да се реши кризата и да се изградат силни демократски институции.

Слично

Поврзани вести