Бејли на твитер: Што порача амбасадорот после договорот на лидерите?
И амбасадорот на САД Џес Бејли преку својот твитер профил искажа задоволство од постигнатиот договор на политичките лидери.
„Значителен напредок е постигнат минатата ноќ на исполнување на договорот од Пржино придвижувајќи ја земјата напред“.
„Откако ќе се донесат новите закони, важно е фокусирање на нивното имплементирање, посебно на изборниот законик.САД и меѓународните партнери се подготвени да помогнат“, напиша амбасадорот на САД , Бејли.
Инаку, во текот на синоќешните преговори политичарите и преговарачките тимови конечно успеаја да постигнат консензус и да договорат преодна влада.
Она што го договорија е нов министер за внатрешни работи да биде Оливер Спасовски од СДСМ, додека во труд и социјала влегува Фросина Ременски од истата партија.
Кире Наумов настапува на позицијата заменик-министер за финансии, Љупчо Николовскизаменик-министер за земјоделие, додека заменик-министер за информатичко општество и администрација е изберен Александар Кирацовски. Овие кадровски решенија ги предложи опозициската СДСМ и истите беа прифатени од владеачката гарнитура.
Прочитајте ја и оваа поврзана статија:
[button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/11/06/przhino-se-spasi-koi-se-i-kako-ke-funktsioniraat-novite-ministri-i-zamenitsi/" target="blank" ]ПРЖИНО СЕ СПАСИ: Кои се и како ќе функционираат новите министри и заменици?[/button]

