Бејли на Твитер: Договорот од 20 јули – шанса за демократија
Амбасадорот на САД, Џес Бејли денеска на Твитер го поздрави договорот кој вчера го постигнаа партиите за излез од кризата.
И Бејли учествуваше во преговорите во својство на посредник.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/AmbBaily/status/756056612759109633[/embed]„Честитки за Македонија за Договорот од 20 јули – шанса за демократија“ - напиша Бејли на Твитер.
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан синоќа преку својот профил на Твитер го поздрави постигнатиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.
Партиите вчера се согласија техничката влада да биде формирана 100 дена пред изборите.
Средба на партиите да се одржи до 31 август, да направат проценка дали се реализира договореното и да закажат датум за избори.
Законските решенија кои се однесуваат на Министерството за внатрешни работи и ингиренциите на министерот се суспендираат до 1 јануари 2017 година.
По изборите со МВР ќе раководи кадар на ДУИ.
