Бејли и Орав го стокмиле договорот за обвинителот!
Катица Јанева, актуелната обвинителка од Гевгелија ќе биде новиот јавен специајлен обвинител.
Договорот падал во 5 часот утрово, според информациите партиите се договориле и за име и за законот по кој ќе работи новисот специјален обвинител.
Под силен меѓународен притисок од амбасадорите на ЕУ и САД Аиво Орав и Џес Бејли, како и посредникот Питер Ванхауте партите ги договориле измените на законот за јавен обвинител. Според информациите на состанокот ноќеска во клубот на пратеници присутни биле и лидерите на СДМС Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
Според информациите прашањата околу бројот на обвинители, кои заедно со специјалниот ќе работат на случајот „Пуч“ и аферата „Прислушување“ е практично предлогот на Брисел, специјалниот обвинител по изборот сам да каже колку обвинители му се потребни. Законот уште денеска ќе се најде во Собрание
Слично
