Бејли: Граѓаните да бидат активни и да пријават притисок поврзан со изборниот процес
Гостин во синоќешната емисија „360 степени“на ТВ Алсат-М, беше американскиот амбасадор Џес Бејли.
Тој во текот на интервјуто ги повика граѓаните независно од институциите, да го преземат својот дел од одговорноста, да бидат активни и да ги пријавуваат евентуалните притисоци и злоупотреби поврзани со изборниот процес.
Тој искажа согласност со оценката на ЕК дека е преземен само дел од политичката одговорност за случајот со прислушувањето и содржината на раговорите, притоа напоменувајќи дека оставките на Мијалков, Јанкуловска и Јанакиески беа важни, но не се доволни.
„Би рекол дека тие оставки беа важни, но, секако, не беа доволни. Затоа беше формирано специјално обвинителство заради истрага на прашањето на правна одговорност кое произлегува од прислушуваните разговори. Има процес и во Собранието преку анкетната комисија за ова прашање. Тоа не е важно само за утврдување одговорност, можеби повеќе политичка, туку да се излезе и со препораки за да се превенираат вакви настани во иднина. Овие процеси се во тек, тие се многу важни, тие се дел од процесите на отчетност, а не само остовката на една или друга личност“, изјавил Бејли.
Целото интервју може да го погледнете тука.
