Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БЕХТЕЛ И ЕНКА“ СЕ ЗАДОВОЛНИ ШТО НЕ ГИ КОЧИМЕ: Трајановски кажа дека кога дошле на власт, коридорите биле во застој

„БЕХТЕЛ И ЕНКА“ СЕ ЗАДОВОЛНИ ШТО НЕ ГИ КОЧИМЕ: Трајановски кажа дека кога дошле на власт, коридорите биле во застој

Државните патишта се многу важен фактор за функционирање и развој на државата, но се важни и за локалната самоуправа, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски на политичкиот саем на ВМРО-ДПМНЕ.

„Година дена откако сме централна власт, мислам дека направивме многу. Јас сум задоволен, работиме како тим со владата, министерот Николоски, но и градоначалниците, независно од која политичка партија се, затоа што дел од патиштата влегуваат во рамките на општините. За една година, пуштивме во употреба 101 километар од експресни и регионални патишта. Толку да се направи и толку да се инвестира во тоа, сигурно е дел од тимска работа. Наследивме патишта кои беа закочени или со слаба работа, но ние ги завршивме. Работиме и во делот на „Бехтел и Енка“, но и Кичево-Охрид. „Бехтел и Енка“ кога дојдовме не работеа, но сега се задоволни што државата не ги кочи во работата. Оној фамозен проект од Кичево-Охрид, вие сте свесни дека неколку пати пуштавме дел од делниците. Активно се работи на косините, што е голем предизвик“, вели Трајановски.

Тој се пофали дека се што е сработено досега е одлика на добро владеење.

„Не застануваме тука. Во фаза на евалуација се патните правци Скопје-Блаце, како и Кичево-Букојчани, со што, коридорот 8 би бил заокружен од Скопје, па се до Кичево. Се градат обиколници на градовите, зошто државни патишта поминуваат во средина на градот. За сите такви, се прават проекти за обиколници, па ќе се бараат извори на финансирање, за да може градовите да бидат помирни, а воедно и ЈПДП да се бави со она што му е можност“, посочи Трајановски.

Слично

Поврзани вести