Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бехтел и Енка на 4 април започнуват со изградба на автопатите, најавен спектакл

Бехтел и Енка на 4 април започнуват со изградба на автопатите, најавен спектакл

Вицепремиерот Артан груби вечерва како гостин во емисијата „Топ Тема“ на Телма откри дека конзорциумот Бехтел и Енка ќе започне со изградба на автопатските делници од Коридорите 8 и 10д на 4 април со свечено одбележување на настанот.

- Камен темелникот е на 4 април. Ќе биде спектакуларно.Тоа ќе биде државна манифестација, ќе има гости и од регионот. Ќе биде огромен настан, најави Груби вечерва во телевизиското студио.

Американско-турскиот оператор ќе ги гради автопатите за 1,3 милијарди евра, а експропријацијата е пресметано дека ќе чини дополнителни 300 милиони евра. Консултантот ЕРД Инѓенеринг е ангажиран посебно за 22 милиони евра.

Иако од Владата најавуваа дека прво ќе почекаат да се произнесат од Државната комисија за спречување на корупција дали има некакви нерегуларности, сепак сега е јасно дека терминот на почетокот на изградбата е веќе одреден.

Слично

Поврзани вести