Бегалците се закана за туризмот во Хрватска
Претседателот на опозициската партија на Хрватска, „Демократска заедница“ Томислав Карамарко предупредил дека изградбата на приемен центар за бегалците на полуостровот Превлака може да претставува закана за туризмот во Далмација.
Тој изјавил дека во еден момент Хрватска треба да каже „стоп“, со цел таа самата да не стане хуманитарен проблем за Европа.
Карамарко запрашал што ќе се случи со туризмот во Хрватска, ако десетици илјади луѓе се населат на островите.
Во информативната емисија на хрватската „Нова ТВ“, Карамарко посочи дека неговата партија се залага за „решавање на проблемот со бегалците како дел од мозаикот на Европската унија, бидејќи тоа не е проблем само за Хрватска, туку и на ЕУ, а и на целиот свет“.
Карамарко истакнал дека граничните премини треба да останат отворени и лицата кои влегуваат во земјата да бидат регистрирани, а нелегалните премини да бидат затворени.
