Бегалците се закана, се изјасниле 60% од Бугарите
Околу 60% од Бугарите сметаат дека бегалците претставуваат закана за националната безбедност.
Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата „Сова Харис", по нарачка на Институтот за економија и меѓународни односи и фондацијата „Фридрих Еберт".
Дури 15,2% се со мислење дека бегалскиот проток не носи ризици, а нешто помалку од 25 % од анкетираните не можат да проценат.
Речиси половина, 46,5 % од испитаниците сметаат дека ЕУ не треба да помага на бегалците со азил. За својата земја велат дека не е економски јака и не може да згрижува терористи.
Мал дел од анкетираните се со став дека бегалците се со друг менталитет, не подлежат на интеграција или дека има опасност од исламизација на стариот континент.
Од анкетираните граѓани, 53,6% сметаат дека Бугарија не треба солидарно да прифаќа квота од бегалци.
