Бегалците сакаат да извршат притисок за отварање на балканската рута?
Бегалците и мигрантите од кампот Идомени, недалеку од грчко-македонската граница, намерно стојат во мочуриштето и калта, за да извршат притисок за повторното отворање на балканската рута, смета австрискиот заменик-канцелар, Раинхолд Митерленер.
Тој вели дека со сликите со бебињата во мочуриштето во Идомени намерно се политизира.
„Во Грција постојат потребните услови за сместување, особено на жени и деца во соодветни објекти. Бегалците сепак намерно одбиваат да бидат засолнети таму, за да извршат притисок за повторното отворање на балканскиот пат "- рече Митерленер.
Митерленер е убеден дека фотографиите со бебиња во мочуриштето, можат да бидат избегнати преку нивно згрижување во болници.
Балканскиот пат беше официјално затворен за време на средбата на челниците на ЕУ-Турција на 7 март. Минатата година преку овој пат во Европа пристигнаа над 750.000 мигранти. Од почетокот на оваа година нивниот број достигна речиси 90.000 лица.
Слично
