Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бегалците огорчени: Отворете ги патиштата, ние не сакаме да останеме овде!

Бегалците огорчени: Отворете ги патиштата, ние не сакаме да останеме овде!

Бегалците од земјите на Блискиот исток, кои успеаја да стигнат до Гевгелија, за Агенцијата Анадолија рекле како одлуката на македонската влада за воведување на вонредна состојба е нова препрека на нивниот пат кон саканата дестинација во земјите на Западна Европа.

Владата на 20 август прогласи вонредна состојба долж јужната и северната граница и стави полициски кордон, како би одговорила на зголемениот притисок на бегалците и воспоставила ефикасна контрола на границата.

begalci3

Припадниците на македонската полиција вчера употребија солзавец и шок бомби како би го спречиле преминувањето на бегалците од ничија земја во Македонија. Снимки на судири и фотографии од повредени бегалци го заобиколија светот. Потоа е донесена одлука бегалците да се пуштаат во интервали кон Гевгелија, откаде со воз патуваат кон северот на земјава.

-Пат од Пакистан до Македонија

Оние кои имале среќа да бидат меѓу првите кои граничната полиција ги пушти да влезат на територијата на Македонија, веќе стигнаа на станицата во Гевгелија, каде чекаа да дојде вонреден воз, со кој ќе отпатуваат до Табановце кај Куманово, откаде ќе продолжат кон Србија и Европа.

begalci1

„Едвај ја преминав границата. Имаше многу гужва. Беше хаос. Претходно бев во Истанбул и таму работев, а сега сакам да отидам некаде во Европа, таму е подобро“, рекол Махмуд од Идлиба, град од северозападна Сирија.

Меѓу загрижените бегалци кои го чекаат вонредниот воз, е и Мухамед Усман Хан од Кашмир. Разочар од состојбата во својата татковина, го земал пасошот и тргнал кон подобар живот.

„Мојата земја се соочува со многу проблеми. Пакистан, Индија и Кина се борат за да освојат дел од мојата земја. Од една страна Пакистан, од друга Индија и Кина тврдат дека Кашмир е нивно право. Ние граѓаните на Кашмир бараме независност. Кашмир е независен. Сепак, овие три земји ја игнорираат одлуката за нашата независност. Ги земавме пасошите и тргнавме надвор од државата. Прво отидовме во Индија, потоа во Пакистан, Иран, Турција и Грција. Конечно стигнавме до Македонија“, рекол Кан.

begalci3

Тој е огорчен од глетките кои ги видел на македонската граница. Прашува зошто коридорот за премин низ земјата не е отворен, бидејќи тврди дека неговата цел не е останување во Македонија, туку само премин понатаму, кон запад.

„Ова што денес ни го прават не е добро. Сите земји кои ги помиавме не не спречуваа. Зошто се игнорираат мали деца, трудници, повредени луѓе? Каде е човештвото? Вие сте Европа, НАТО. Јас не сакам да живеам овде, јас ќе го напуштам ова место, шест часа подоцна ќе бидам во друга земја. Отворете ги патишта. Ова е и моја земја, колку што е и ваша. Јас сум човек како и сите останати. Не знам каде ќе одам, всушност, сакам да одам некаде каде има човечност. Сакам да заминам некаде , каде нема да кажат дека тоа е нивно место и само нивна држава. Сакам да идам некаде каде нема да ми кажат дека сум црнец, а тие се бели, некаде каде нема да ми кажат дека сум сиромашен, а тие богати. Отворете ги патиштата, пуштете не“, рекол Кан.

Бегалците не сакаат да останат на Балканот

Бегалците во Гевгелија истакнаа како не им е целта да останат на Балканот, туку дека тоа е само дел од нивниот пат, преку кој сакаат да стигнат до земјите на Западна Европа.

Селим Махмуд  Сукру е од сирискиот град Камисли, близу до турската граница. Тој дошол до железничката станица во Гевгелија откаде ќе продолжи да патува кон Табановце и ќе се обиде да стигне до Германија.

begalci6

„Доаѓам од Камисли. Се обврзав дека ќе го спасам мојот и животите на моето семејство. Пред месец дена два пати се обидов да ја преминам турската граница, но повторно се враќав во Камисли. Слушнавме дека се отворил коридорот кој води до Европа. Денес ја преминав македонската граница од Грција. Ми рекоа дека најпрво може да преминат оние кои се со семејства и јас сум еден од оние кои први ја преминаа границата денес. Сакаме со семејството да одиме во Германија, каде имаме роднини“, рекол Сукру.

begalci2

Меѓу многубројните бегалци кои го чекаат возот на железничката во Гевгелија се и граѓани од Мјанмар. Не беа расположени да говорат пред камери, но сепак сакаат да ја споделат својата животна приказна велејќи дека поради злосторствата кои кон муслиманите ги прават будистите, тие не ги сакаат и не можат да живеат во својата земја и затоа тргнале на пат.

begalci4

„Ако ја погледнете сликата на светот, ќе видите дека само муслиманите се соочуваат со проблеми, зошто е тоа така“, рекол еден од бегалците од Мјанмар.

Трговците ги наплаќаат намирницте по далеку повисоки цени

Бегалците тврдат дека ги искористуваат илегалните трговци кои многу поскапо им ја наплаќаат храната, пијалоците и останати намирници, наведувајќи дека банана чини евро, а кило праски 2,5 евра, цигари минимум пет евра, леб две евра, а некогаш и повеќе. Некои од нив велат дека се свесни дека цените на намирницте не се реални, но дека околностите се такви и не може да бираат колку мора да платат.

Работниците на железничката станица во Гевгелија негодуваат дека поради масовното присуство на мигранти,бидејќи сметаат дека тие го нарушуваат редот и мирот и сметаат на нормално функционирање на железничкиот превоз.

begalci5

„Не сакам да говорам пред камера, но сакам да ви кажам дека не сме против овие луѓе да патуваат понатаму, но верувајте дека ни пречат, го реметат мирот и безбедноста. Државата мора на одговарачки начин да се носи со овие проблеми и заштити своите граѓани“, истакнува еден од вработените на железничката станица не сакајќи да си го каже името.

Екипи на УНХЦР им помагаат на бегалците кај Гевгелија. Нивните претставници упатија апел со грчките власти да им помогнат на бегалците , а приоритет се хуманитарните потреби, да меѓу нив има мали деца и новороденчиња, дека сите се на отворено и дека е неопходно да им се помогне.

Обработка: И.Р. (Анадолија)

Слично

Поврзани вести