Бегалците нелегално влегоа на македонска територија
Околу 1000 бегалци нелегално влегле од Грција во Македонија, кај гевгелиското село Моин, информираат од МВР.
Припадници на АРМ и МВР преземаат мерки за нивно враќање во Грција. Бегалците ги користат речните корита за влезат на македонска територија. Жителите на Моин се загрижени поради новонастаната состојба.
Дваесет и седум годишна бремена жена од Авганистан, заедно со нејзината 17-годишна сестра и нивни прв братучед утрово се удавиле, при обид да ја поминат Сува река, кај Моин, а 23 мигранти се спасени.
Полицијата попладнево приведе 28 странски новинари и фоторепортери, затоа што нелегално ја поминале границата заедно со група бегалци. Новинарите поради направениот прекршок се задржани во станица, а поголемата група од околу 700 бегалци полицијата ги враќа во Грција.
Слично
