Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бегалците муслимани во Грција го слават Рамазан

Бегалците муслимани во Грција го слават Рамазан

Започна светиот месец Рамазан за муслиманите, a во исто време илјадници имигранти,  се блокирани во Грција.

Условите во камповите во кои живеат, им ја отежнуваат можноста да ги испочитуваат традициите. Дел од нив живеат во државен камп во близина на Атина. Од утро до зајдисонце верниците муслимани не конзумираат храна и пијалоци, како наредува Куранот за овој месец на строг пост и молитви. Идејата на постите е верниците да покажат волја да одолеат на искушението на земните задоволства во текот на денот. Но, штом зајде сонцето, обично семејства и пријатели се собираат заедно. Условите во кампот и носталгијата по татковина сепак го отежнуваат исполнувањето на традициите.

Авганистанецот Абдул Номанд пристигнал во Грција непосредно пред затворањето на границата во февруари.

„На сите им недостигаат блиски. Тешко им е, бидејќи се далеку од својата татковина"- вели Номанд.

Сега тој живее во шатор заедно со неговата сопруга и нивните пет деца.

Слично

Поврзани вести