Бегалци ја блокираа границата меѓу Грција и Македонија
Неколку стотици мигранти од Мароко, Пакистан и Иран ја блокираа границата меѓу Грција и Македонија вчера по ручек.
Тие протестираат против одбивањето на македонските гранични власти да дозволат на нивна територија само граѓани од Сирија, Ирак и Авганистан. Дел од мигрантите застанале на шините на пругата и не дозволуваат од таму да минуваат возовите, но и останатите мигранти.
Властите во Скопје ноќеска воведоа ограничувања, откако стана јасно дека Србија и Хрватска имаат воведено слични мерки со цел намалување на миграциониот бран.
Сите мигранти пристигнуваат организирано од грчките власти со автобуси и возови до Гевгелија. Според официјалните податоци од почетокот на годината на тој начин преку територијата на Македонија поминале речиси 500 000 луѓе.
