Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бегалскиот поток во Западен Балкан не запира, се повеќе луѓе доаѓаат во кампот во Прешево

Бегалскиот поток во Западен Балкан не запира, се повеќе луѓе доаѓаат во кампот во Прешево
Бегалската криза во Западен Балкан продолжува да се продлабочува. Бегалскиот притисок по македонско-српската граница не се намалува. Притисокот е огромен како на границата на Македонија, така и во Србија и Унгарија. Илјадници ја преминаа македонско-српската граница утрово, а полицајците се обидуваа да воведат ред. По железничките станици се формираа шатор кампови. Над 7 илјади имигранти ја преминале македонско-српската граница од петокот, а Унгарија вчера постави нов рекорд за оваа година и регистрира над 2 000 бегалци само за едно деноноќие. Бегалци од Блискиот Исток и Северна Африка пристигнуваат постојано во кампот крај српскиот град Прешево. Во моментов таму се наоѓаат околу 2.000 лица, а денес автобуси со мигранти почнаа да пристигнуваат исто во Белград и северна Србија, пренесуваат локални медиуми. gevgelija zeleznicka Ситуацијата во кампот Прешево на границата со Македонија е видливо опуштен. Српските полицајци комуницираат со бегалци кои доаѓаат на англиски јазик, кои ги упатуваат во тоа каква е процудурата по влез во кампот, кој е под контрола на Високиот комесар за бегалци на ОН. Ахмед Халими, раководител на канцеларијата на српскиот Црвен крст во Прешево, изјавил дека ако нема снабдување со хигиенски материјали, тие можат да завршат многу наскоро и да се создаде сериозен проблем. "Имаме хигиенски материјали за неколку дена и сите кои помогнат, ќе помогнат всушност на бегалците", објасни Халими. Хасан Хусеин и неговиот брат избегале од сирискиот главен град Дамаск пред 20 дена. Семејството преминало преку Турција, оттаму по море кон Грција и конечно стигнале до Гевгелија. "Одам во Германија да учам, избегав од Дамаск поради војната, борбите и убиствата", изјавил Хасан. Откако официјално побарааат статус на бегалец од македонските власти, имигрантите се упатуваат веднаш на север кон следната станица на патот. Во приемните центри во Прешево и селото Миратовац во последните два дена околу осум илјади луѓе добиле помош во вид на храна и медицински прегледи. "Новата преселба на народите" Вака експерти го одредуваат бегалскиот бран, кој ја поплавува Европа во моментов. Аналитичарите се категорични - имигрантите немаат намера да останат на Балканот. Затоа за драстични промени на етничката карта во нашиот регион засега не може да се зборува. police begalci За иднината сепак - постојат хипотези. Само за 10 години до 2025 година 16 милиони лица, кои во моментов се во школска ќе влезат во работоспособна возраст во Блискиот Исток. И ако економијата на Авганистан, Ирак и Сирија не создаде работни места, тие ќе се упатот на патот кон Европа. При такво сценарио пресметките покажуваат - 1,2 милиони бегалци ќе се насочуваат кон Европа годишно. Дел од земјите на стариот континент во моментов се земји-врати за бегалците. Но, кога нивните граници се затворени и подобро чувани како Бугарската со Турција, тогаш имигрантите бараат нови правци.  
Слично

Поврзани вести