Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бегалскиот поток кон Словенија го сруши досегашниот „унгарски“ рекорд

Бегалскиот поток кон Словенија го сруши досегашниот „унгарски“ рекорд

Над 12 600 имигранти пристигнале во Словенија во изминатите 24 часа, што е рекорд, надминувајќи го бројот на мигрантите во Унгарија во текот на врвот на кризата во септември, соопшти словенечката полиција.

Рано утринава бројот на мигрантите, кои влегле во Словенија од саботата е вкупно 34 131 лица. На 23 септември во Унгарија, која оттогаш ги затвори своите граници, влегоа рекордни 10 046 лица за едно деноноќие, потсетуваат агенциите.

Словенија побара од земјите членки на ЕУ дополнителни полициски сили, кои ќе и  помогнат за справување со приливот на мигранти кои доаѓаат од Хрватска, соопшти словенечкиот министер за внатрешни работи, Весна Жнидар, цитирана од светските агенции.

Жнидар изјавила дека словенечката полиција се обидува да договори со Австрија поголем транзит на мигранти од Словенија. Според Жнидар сепак најверојатно Австрија наскоро ќе престане да прима бегалци.

Австриската државна железничка компанија го прекина движењето близу до главниот граничен премин со Словенија, за да не ги загрозува мигрантите кои се блиску до шините, пренесоа американските медиуми.

Тоа беше сторено откако австриската полиција ги укина бариерите на место на собирање на мигранти крај граничниот премин Шпилфелд, за да ги намалат зголемените тензии поради големиот прилив на луѓе, што може да доведе до насилство.

Полицијата соопшти дека над 3.000 мигранти остануваат во близина на граничниот премин, но стотици се развеани, со што и многумина одат на север од границата кон јужниот австриски град Грац.

Вработен на Високиот комесаријат за бегалци на ОН изјавил утринава дека голем број семејства со мали деца се меѓу илјадниците мигранти кои го преминуваат граничниот премин меѓу Србија и Хрватска.

Над 1.000 луѓе влегле ноќеска од Србија во Хрватска, изјави Никлас Сторуп Агеруп. Тој рече дека околу 60 проценти од луѓето се цели семејства и можеби 45 проценти од нив имаат деца под петгодишна возраст. Хрватската полиција соопшти дека околу 1.300 мигранти ја поминале границата од среда на полноќ.

Слично

Поврзани вести