Бегалскиот камп во Гевгелија како „хотел”, преку границата мизерија!
Кампот во Гевгелија го доби најмалиот член, машко бебе старо само пет дена. Хуманитарците на терен велат дека бебето внело радост меѓу бегалците и е седмиот член во семејството кое подолго време е дел од заглавените мигранти на јужната граница. Тие се сместени во еден од контејнерите, во кој според зборовите на хуманитарката Ленче Здравкин се одржува беспрекорна хигиена од самите станари, па пред да влезете вели, мора да ги собуете чевлите. Бегалците секојдневно добиваат храна и хуманитарни пакети. Почнала да работи и кујната во која е воспоставен ред за исхрана. Голем број од бегалците, вели Здравкин, веќе се одомаќинети па си помагаат меѓусебно, секојдневието почнуваат да го исполнуваат со хоби.
Но сликата преку границата, на грчка страна, според неа е сосема спротивна. Хаосот во Идомени, каде како што вели - вода нема ниту за лек или во Поликастро каде бисквитите се најголемата радост за децата, е вистинска тага за очи. Помошта не стигнува бидејќи се троши за час, луѓето не сакаат да се вратат назад, а немаат ни пари.
“Немам зборови како да ја опишам состојбата во која се наоѓаат бегалците од другата страна на границата, во Идомени и Поликастро. Идомени е како вистински град. Има дури и импровизиран пазар. Кој има пари може да купи што сака, од зеленчук, леб кој им се продава за 0,80 центи, вода, облека. Но повеќето немаат пари. Тие си трпат, ама буквално трпат. Секојдневно носам пакети со храна, леб, зејтин, прашок за перење, лекови, млеко, брашно, шеќер, облека. Ми се случува да неможам да стигнам ниту да се истоварам, а веќе да се истрошат залихите. Сликата е многу очајна, на моменти и трауматична. Колку и да сакате да сте присебен, ве истоштува неспокојот и очајот кај овие луѓе кои живеат во неизвесност и беда. Шаторите во кои се сместени стотици лица се мали за двајца луѓе, а не за цели семејства. Често гледам како најчесто мажите заспиваат на отворено, надвор бидејќи нема место. На бензиските пумпи им се наплаќа по две евра од човек да се избањаат. Замислете колку тоа го чини едно семејство. Дополнително што преку ден веќе температурите се високи, а навечер е ладно и се потешко се одржува хигиената”-раскажува хуманитарката Ленче Здравкин.
Затоа во споредба со ситуацијата на грчка страна, кампот во Гевгелија, на бегалците вели им изгледа како хотел. Деновиве една трудница и уште неколку лица побарале да бидат преместени од Табановце во гевгелискиот камп. Овде, вели Здравкин има подобри услови за нив, пространо е и чисто. Градинката во еден од контејнерите секојдневно ги згрижува најмалите. Имаат креативни работилници, училници за игра и забава.
“ Овде просторот е поголем, има тушеви, редовна храна, топла облека, ќебиња. Има чај, кафе и буквално сместување кое на друго место неможат ни да го замислат.Има постојано хуманитарни и лекарски екипи. Една од жените бегалци во знак на благодарност и плете џемпер на девојка од хуманитарниот тим на УНХЦР. На тој тежок пат кој овие луѓе го минале до овде виделе се и сешто, но најчесто неубави работи, многумина се жртви на криумчари, а дел од нив биле ограбени или малтретирани.ЗАтоа овде им е вистинско прибежиште се додека не се направат нови решенија за проток”-додава Здравкин.
Се на се, според неа, воспоставен е ред за да може состојбата да се држи под контрола, бидејќи се поизвесно е дека поради затворањето на рутата овие лица уште долго ќе останат овде.
Шуга кај едно семејство во кампот во Гевгелија!
Едно повеќечлено семејство во Гевгелија има шуга која е во последната фаза од лекувањето. Хуманитарците велат дека дури и најмалите членови се принципиелни и не излегуваат од контејнерот во кој се сместени, не се движат во кампот и неколку дена се изолирани од останатите бегалци. Има и вошки, но се интервенира брзо за да не се прошират низ децата.
Договор ЕУ-Турција
Примената на договорот меѓу Европската Унија и Турција за надминување на бегалската криза предизвика реакции помеѓу бегалците. Ситуацијата на терен останува непроменета или се прави многу малку за нив. Ова беше нотирано и во забелешките на пратеничката на Европскиот парламент, Тања Фајон според која најверојатно е дека заглавените луѓе ќе останат во Македонија уште долго доколку не се отвори балканската рута.Според договорот ЕУ-Турција, лицата кои ќе побараат азил во Грција нема да бидат вратени назад и нивното барање ќе биде разгледано. Оние кои имаат право на азил ќе бидат испратени во земјите на ЕУ, а оние кои немаат ќе бидат вратени во нивните земји. За секој Сириец испратен во Турција, според договорот, ЕУ се обврзува да земе Сириец од Турција. Сепак според фиксираниот лимит овој број изнесува 72.000 бегалци.Во меѓувреме околу 5000 бегалци и мигранти од Пиреја, сеуште одбиваат да го напуштат пристаништето и да заминат во сместувачки центри во други делови од Грција. Со затворањето на балканската рута останаа заглавени околу 50.000 бегалци во Грција кои се наоѓаат во приемни центри, диви кампови или на грчките острови.
С.Б.

Слично