Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бегалската криза ги „кочи“ преговорите за името

Бегалската криза ги „кочи“ преговорите за името

Во преговорите има пауза бидејќи Македонија и Грција се преокупирани со бегалската криза и со внатрешни проблеми.

Бегалската криза покажува колку е важно да се најде решение за спорот за името, изјави специјалниот претставник на Обединетите Нации, медијаторот Метју Нимиц во интервју за грчката телевизија Скај.

Нимиц тврди дека ако проблемот беше решен и Грција имаше сосед кој е веќе во Европската Унија или НАТО,  соработката меѓу двете држави за бегалската криза ќе беше многу подобра и ќе се одвиваше полесно.

„Поранешната југословенска република Македонија да беше во процес на пристапување кон ЕУ, или во ЕУ или можеби во НАТО, соработката и координацијата ќе беа многу полесни. Затоа сметам дека мигрантското прашање заедно со други теми во регионот како тероризмот го прават решавањето на проблемот уште поважно“- вели Нимиц.

Тој е во редовна комуникација со преговарачите, но и со други кои се заинтересирани да помогнат во преговорите и разгледува кое би било најдобро време одново да се активираат преговарите.

„Меѓутоа најдоброто време не е сега, туку за неколку месеци, по изборите и откако ќе се избере нова Влада во Поранешната југословенска република Македонија“- кажа медијаторот.

Порачува штом  Македонија ќе добие нова Влада, да се сретнат со него и други заинтересирани страни и  сериозно да преговараат за да се најде конечно решение за името.

Нимиц последен пат имаше официјални средби со преговарачите во ноември 2014 година, а регионот го посети во август истата година. Во април минатата година тој се сретна со Коѕиас во Њујорк.

Слично

Поврзани вести