Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕГАЛСКА КРИЗА: Извлековме ли поука од босанската и косовската војна?

БЕГАЛСКА КРИЗА: Извлековме ли поука од босанската и косовската војна?
Крвави стапала, изменоштеност, интриги,измами - ова е голготата на стотици мигранти кои секојдневно транзитираат низ земјава. Велат дека стравот одамна го надминале бидејќи добар дел од нив само до Македонија патуваат и по две години. Секое од патешествијата носи своја приказна. Растурени семејства, одвоени деца, оставени роднини во потрага по подобар живот.  Од Центарот за Меѓуетничка толеранција и бегалци велат дека секојдневно на терен се соочени со животните судбини на бегалците, но како што велат земјава и овој пат не  била во вистински  момент подготвена  да се справи со ваквите појави на бегалска криза. Измените на Законот за азил кои денеска конечно треба да го поминат собранискиот филтер, според Центарот се забавена реакција од која може да се очекува барем мало ублажување на голготата и олеснување на транзитот на мигрантите низ земјава. А, потоа како им даде Господ! 10387384_1007662202579509_429549554706450019_n “Ја имавме пред многу години Босанската  па Косовската бегалска криза но не извлековме некоја поука.  Со ваквата неподготвеност уште повеќе се отежнува патот на мигрантите низ Македонија. Жално  е сознанието некој  народ ја напушта своја татковина. Го продава и последното парче живот и тргнува во непознат правец. Меѓу бегалците има и луѓе кои знаат по неколку светски јазици, имале  своја професија и кариера, само не и безбедност. Маката ги натерала на неизвесност, а во земјава многумина се соочија со грабежи и напади. Имаше еден случај во Неготино кога бегалец беше претепан и ограбен до гола кожа, па хуманите граѓани му помогнаа со храна и облека откако претходно крвавата  глава му беше шиена со десетина конци. Петмесечно бебенце беше згрижено во истата болница и ставено на инфузија  поради висока температура. Тежок е нивниот пат до саканата слободна дестинација. Илјадници километри се во прашање, а исто толку  проблеми ги среќаваат по тие патишта”-вели за Фактор, Владо Димовски -генерален секретар во Центарот  за меѓуетничка толеранција и бегалци.  Среќа е според нег,  што во земјава има и  совесни и чесни граѓани кои им помагаат  на нивниот пат или се залагаат за нивните права, но голем е вели  и бројот на граѓани кои  профитираат на нивните маки. Па така во Демир-Капија-Кавадарци и Неготино дел од точаците се продавале со трипати повисоки цени, а во локалните продавници и бензински пумпи шоља кафе чинела како да ја пиете во центарот на некој европски град. “Грди се сликите кои ги гледаме по патиштата низ Македонија и во прифатниот центар во Гази Баба. Тоа ја одсликува и нашата подготвеност за соочување и решавање на проблемите или желба за хуманост кон несреќните. Нема подготвеност ниту пак расположение кај власта навремено да се справува со настанатите проблеми со мигрантите. Секогаш ли треба граѓаните да ги разбудат  чувствата кај политичарите за да преземат одредени мерки за решавање на проблемите?  Во недостиг на желба и знаење на властите како да се справат со проблемите на мигрантите секогаш се појавуваат профитерите тоа да го направат за лична корист и со недозволени средства, а за тоа дури и да не одговараат пред никого. Другите земји од соседството  овој проблем го решија веднаш. Јас имав прилика за првомајските празници да патувам низ Србија и таму мигрантите регуларно си користеа јавен превоз- автобуси, возови, такси,  а кај нас дури сега после подолг период се свестија од Владата дека треба да разговараат за тоа и да превземат измени во Законот кога веќе проблемот стана крвав”-објаснува Димовски. Тој  со усвојување на новите законски измени  очекува решавање на дел од проблемите со мигрантската криза, но  вели во нив  има многу недоречености.  Оттука, како што посочува Димовски, мора во законот да се дефинираат прецизни работи како понатаму да се постапува со мигрантите, што  значи барањето азил, како ќе транзитираат мигрантите кои не бараат азил туку само сакаат мирно и безбедно  да поминат низ Македонија до следната дестинација? “Мое мислење е дека треба да им се обезбеди организиран транспорт за транзитирање низ државава,  одколку да се задржуваат подолго време во Македонија и да бидат присилени да се превезуваат на разни начини па да бидат малтретирани, силувани, ограбувани. Владата треба веднаш да организира еден транзитно прифатен центар на границата кон Грција  (од каде и најповеќе доаѓаат) и  организирано да ги препраќа коn  границата со Србија или друга соседна земја која ќе ги прифати. Впрочем таков транзитно прифатен центар РМ имаше и во 1999 година на Блаце,  но не сме извлекле доволна поукa”-нагласува Владо Димовски. 11427246_1007662235912839_5090680646305046144_n Со новите законски измени на мигрантите кои транзитираат низ земјава треба да им се легализира привремениот  престој преку документ односно образец кој ќе може да го издаде секој полицаец. Тие ќе имаат рок од 72 часа  да ја напуштат земјата или да бараат азил. Мигрантите ќе можат да го користат јавниот превоз, вклучувајќи ги и возовите и такси, кои Владата до сега не ги дозволуваше. С.Б.
Слично

Поврзани вести