БЕГАЛСКА КРИЗА: Балканските лидери на итен самит во Брисел
Лидерите на десет држави кои се наоѓаат на балканската рута по која се движат бегалците, денес се повикани на итен самит во Брисел на разговори за бегалската криза.
Ова следува откако Бугарија, Романија и Србија предупредија дека ќе ги затворат границите, ако Германија, Австрија и Словенија го направат истото.
Според најавите денеска се очекува да се претстави план од 16 точки за справување со бегалската криза.
Според нацрт-документот што деновиве го објавија дел од германските медиуми, главна порака на денешниот мини-самит е европските земји да престанат со префрлање на мигранти кај соседните земји без претходни консултации.
На средбата денеска учествуваат Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија,Романија, Холандија, Словенија, Шведска, Србија и Македонија.
На денешниот самит треба да се изнајде решение за справување со бегалската криза, пред да фатат минусните температури.
Според очекувањата, денешниот самит треба да заврши со заедничка декларација за решавање на бегалската криза.
