Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бегалец со 4 жени и 23 деца зема 360 000 евра помош

Бегалец со 4 жени и 23 деца зема 360 000 евра помош

Сириски бегалец со 4 жени и 23 деца го привлече  вниманието во Германија, откако изјави дека добива 360 000 евра помош годишно.

Мигрантот, познат како Гази А. избегал од Сирија минатата година со семејството, пишува британскиот весник „Дејли експрес". Според експертите неговото семејство може да добива повеќе од 360 000 евра годишно. 

Според исламската традиција 49-годишниот маж може да има до четири сопруги, под услов да е во можност да ги издржи финансиски. Германија не признава легално полигамијата, што значи дека Гази А. треба да избере една официјално за сопруга. за да може остатокот од семејството да добива помош. Останатите три жени се категоризираат како „пријатели" на сирискиот мигрант. Локалните власти во градот Монтабур сепак ја опишале ситуацијата како „исклучок".

Сега Гази А. живее со сопругата Твасиф и со нивните пет деца во градот Монгабур во покраината Рајнска област-Палатинат, додека останатите три жени и деца се преселиле во соседен град на околу 50 километри. Во татковината мажот работел во автосервис, но откако е во Германија не се занимава со ништо. Тој изјави дека сака да работи, но неговата посветеност кон семејството не му дозволува. 



Слично

Поврзани вести