Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕГ: Се решава проблемот и се надеваме на позитивен исход и непрекинато снабдување со топлинска енергија

БЕГ: Се решава проблемот и се надеваме на позитивен исход и непрекинато снабдување со топлинска енергија

И БЕГ и Владата на РСМ ги разработеа сите достапни сценарија за обезбедување на финансирање, сепак од објективни причини како единствено можно сценарио го гледаме член 33 од Законот за кризи, велат од БЕГ. 

„Член 33 од Законот за кризи и дава на Владата на РСМ легална можност да обезбеди финансирање за потрошувачите на топлинска енергија и за ова не е потребно одземање на лиценците. Се уште се во тек преговори помеѓу БЕГ и Владата, во моментов се решава проблемот и се надеваме на позитивен исход и непрекинато снабдување со топлинска енергија“, додаваат од БЕГ. 

Дали утре скопјани ќе се разбудат со студени радијатори, е прашање кое мачи околу 60 илјади домаќинства во земјава, кои, само за потсетување, уредно си ги плаќаат своите сметки за топлинска енергија. 

Според последните неофицијални информации, Министерството за економија донело одлука што ќе прави за надминување на овој проблем, а министерот Крешник Бектеши тоа ќе и го соопшти на јавноста на пресконференција која ќе се одржи вечерва во 19 часот.

Слично

Поврзани вести