Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕГ ќе треба да ги врати парите кои ќе ги добие од државата

БЕГ ќе треба да ги врати парите кои ќе ги добие од државата

Парите кои БЕГ ќе ги добие сега во време на кризна состојба, ќе треба да ги врати во буџетот.  Ова е само еден дел од договорот кој вчера го потпишаа Балкан Енерџи и ЕСМ, а со кој државните електрани, времено ќе го преземат управувањето со топлинската енергија. Шесте милиони евра кои Владата ќе ги префрли кон ЕСМ, ќе се користат за набавка на гас. 

Владата на 5-та седница,  го одобри Договорот за деловно техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на Прокуристот како застапник на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). 

Со тоа ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север АД - Скопје, со сите трансакциски сметки на Скопје Север АД - Скопје како и со наменската сметка која што топланата ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка.

Слично

Поврзани вести