Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беџети: Нема политика и селективна правда во судството

Беџети: Нема политика и селективна правда во судството
Притвор во Македонија не се изрекува пречесто, статистички, вели министерот за правда Блерим Беџети во неделното интервју на Радио Слободна Европа притвор се изрекува за 5 проценти од случаите. оттука, додава тој,  нема аргументација да се каже дека мерката пречесто се употребува. Беџети ги отфрла тврдењата дека судиите селективно ја делат правдата во судот и вели дека пред судовите сите граѓани се во еднаква положба и не може да бидат привилегирани ниту министри ниту носители на функции, бидејќи според него, се суди според законот и не може да има селективен пристап. За долгиот притвор за новинарот Кежаровски и процесот „Ликвидација“, тој вели дека се работи за чуствителен случај. „Веќе се изјаснив за оваа проблематика. Во случајот Кежаровски не се работи за слобода на мисла, на говор итн, туку се работи за конкретен случај, кој исто така е чувствителен, се надевам дека сите ќе се согласиме дека е чувствителен. Никој во државава не треба да пристапува спротивно од законите, ниту функционер, ниту новинар, писател итн. Да беше за слободата на мисла, на говор, тогаш тоа ќе беше сосема поинаку, но имајќи предвид дека пред извесно време ние пристапивме кон декриминализацијата, нема потреба од дебатирање. Сите знаеме дека се работи за сосема друг случај, доста чувствителен, во кој се обвинети повеќе лица“, смета Беџети. Во врска со можноста за политичко влијание врз судството, тој вели дека улогата на министерот за правда во судскиот совет е минимизирана, со самиот факт дека е без право на глас. „Во Советот на обвинители веќе не е ниту член, мислам дека не е исполитизирано и тврдам дека не е исполитизирано, бидејќи нема место во судството за политиката“, тврди министерот за Радио Слободна Европа.
Слично

Поврзани вести