Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беџети: Гувернерот Богов доцни со предупредувањето за задолжувањата, но има мерки што треба да ги превземе

Беџети: Гувернерот Богов доцни со предупредувањето за задолжувањата, но има мерки што треба да ги превземе
Интензитетот на раст на јавниот долг е критичен, а граѓаните одамна требаше да бидат загрижени, вели академик Абдулменаф Беџети. Според него реалните податоци за висината на јавниот долг, за кои изминатите денови се препукуваат власта и опозицијата, „не може да бидат високи како што вели опозицијата, но сигурно не се и ниски како што вели Владата“. Беџети, коментирајќи ја изјавата на гувернерот Димитар  Богов кој неодамна предупреди дека треба да се биде внимателен со натамошните задолжувања, посчува дека инструментите се во рацете на гувернерот Богов. “Констатацијата на гувернерот е точна, но мислам дека е малку задоцнета. Требало да алармира најмалку пред две годни кога почна да се зголемува интензитетот на јавното задолжување. Не верувам дека Владата ќе го послуша гувернерот Богов, но тој има мерки за да ја балансира оваа ситуација поради тоа што монетарните политики се крајно релаксирани. Богов треба да го направи она што пред пет години го направи некој друг“, вели во интервју за „Економски магазин“, на Алсат –М, академик Абдулменаф Беџети.
Слично

Поврзани вести