Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беџети: 87 лица се бараат во странски држави по потерници од земјава

Беџети: 87 лица се бараат во странски држави по потерници од земјава
Годинава има 87 предмети за лица кои се бараат во странски држави по потерници од земјава, од кои за  75 се барања за екстрадиција, а за 12 сеуште се комплетира документацијата, вели во интервју за МИА министерот за правда Блерим Беџети. „За Миле Хаџиски доставено е барање за екстрадиција до Република Франција, но официјален одговор ниту од Министерството за правда на Франција, ниту од амбасадата на Република Македонија во Париз, ниту од Министерството за внатрешни работи не е добиен. Доколку екстрадицијата биде дозволена со правосилна одлука, Министерството за правда веднаш ќе го организира спроводот, како што се прави со секоја екстрадиција“, рече Беџети. За Алил Демири и Африм Исмаиловиќ , како што истакна, побарана е екстрадиција од Република Косово со писмо од 15-ти мај годинава. Во интервјуто Бецети најави дека новата зграда на Кривичниот суд ќе биде пуштена во употреба во текот на ноември годинава. Осврнувајќи се на измените и дополнувањата на Законот за кривична постапка, министерот смета дека ќе помогнат во отстранување на лоцираните слабости и недоречености во Законот,а нудат и решенија за кои од обуките се утврдило дека ќе претставуваат проблем во праксата.
Слично

Поврзани вести