Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бечев: Во Македонија можно грчко сценарио

Бечев: Во Македонија можно грчко сценарио

Колку подолго кризата во Македонија трае, поголеми се шансите за грчко или шпанско сценарио, вели за Радио Слобода Европа Димитар Бечев, истражувач од Европскиот центар за политика.

„Во Македонија е големо незадоволството од сите партиите-не само од ВМРО-ДПМНЕ на Груевски туку и на неговите претходници. Пред две години избија и студентските протести. Генерално, младите се назадоволни од политичарите, вклучувајќи ги и опозиционите.

Се појавуваат нови левичарски групи кои сметаат дека СДСМ е проблем речиси како и Груесвки. На социјалните мрежи може да се види дека таквите гласови се се поголеми“, додава Бечев, инаку автор на ппвеќе книги, меѓу кои и „Македоснки историски речник“.

Запраша, што е во позадина на кризата во Македониа и зошто властите не го почитуваат договорот со опозицијата постигнат пред неколку месеци со посредство на ЕУ, Бечев смета дека во овој случај Владата и екс премиерот Никола Груевски пред се се одговорни бидејќи не ги почитуваат преземените обврски. На пример, вели тој, амнестија за одговорните во аферата прислушување-што ја направи претседателот Иванов-секако не била предвидена со спогодбата од Пржино за одржување на предвремени избори. Значи Груевски настојува да го искористи процесот во кој посредува ЕУ, согласувајќи се на извесни отстаки како што е делба на власта во преоден период, но се поигрува со останатите политички актери. Не ги почитува правилата на игра која ја прифатил и поради тоа дојде до протести.

Целото интервју прочитајте го овде!

Слично

Поврзани вести