Бебе пронајдено мртво во тоалет во тетовската болница
Мртво новороденче е пронајдено вчера во еден од тоалетите во клиничката болница во Тетово.
Страшната слика од безживотното тело на машко бебе прекриено со пелени, прв ја видел вработен во болницата и пријавил.
Лекарскиот тим смета дека бебето го родила 36 годишна жена од селото Групчин, која вчера околу 16 часот била примена на Интерното одделение, но по кратко време заради нејзината дијагноза, биле препратена на Гинекологија.
Лекарите рекле дека според доказниот материјал земен од нејзината матка таа имала спонтано породување.
Пациентката пак, заедно со нејзиниот сопруг твдрат дека не била бремена.
Земени се брисеви за ДНК анализа, кои треба да утврдат чие е мртвото бебе.
Бебето е однесено на обдукција, која треба да утврди како настапила смртта на бебето. Дали плодот бил веќе мртов или бебето починало при или после породувањето.
