Бебе паднало од тереса - лекарите се борат да го спасат
Бебе старо шест месеци паднало попладнево од терасата на вториот кат од стан во центарот на Лесковац, по што завршило во болница во критична состојба, пренесуваат медиумите од соседството.
Се работи за бебе на сопственикот на турската фабрика „Џинси Србија“, Јасин Дениз, пишуваат медиумите.
Порталот „Југомедија“ наведува дека детето е итно префрлено на детската неврохирургија во Ниш, каде што лекарите се борат за неговиот живот.
Не е познато како дошло до инцидентот.
Слично
