Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бебе од Дојран има Зика вирус?

Бебе од Дојран има Зика вирус?
За бебе од Дојран постои сомнеж дека има Зика вирус. Тримесечно бебе од Дојран со аномалија на черепот и со мала глава по извршен рутински преглед кај педијатар од Струмица, пред две и пол недели е донесено на Универзитетската Клиника за детски болести. Анализите кои се направени укажуваат дека не станува збор за рутински вируси кои доведуваат до мала глава кај бебињата. Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова вели дека се прават анализи за да се утврди присуство на вирусите Денга или евентуално Зика, а резултатите се очекуваат за десетина дена. „Детето е родено со аномалија. Стравот е практично кај мајките кои се бремени да не го имаат овој вирус, кој причинува аномалија особено развојна во првите три месеци. Мајката е од Дојран, а патувала и во Грција во првите три месеци од бременоста кога настанува развојниот период и на мозокот и на другите органи“-вели Софијанова. Таа вели дека мајката на детето најверојатно била касната од комарец.  
Слично

Поврзани вести