Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беа втора Грција, сега само растат

Беа втора Грција, сега само растат

Властите во Мадрид ја зголемија процената на економски раст на Шпанија за тековната година и прогнозираа пад на невработеноста како во оваа така и во наредната година.

Шпанската влада соопшти дека економијата на Шпанија ќе порасне за 2,9 отсто во 2016 година, што е повеќе во однос на проектираниот раст од 2,7 отсто од април.

Шпанското министерство за економија прогнозирало и пад на невработеноста во оваа година на 18,6 отсто во однос на 20 отсто од второто тримесечие и потоа пад на 16,6 отсто во 2017 година.

Проекцијата на раст на БДП за 2017 година, меѓутоа, е ревидирана на најниската од првичните 2,4 отсто на 2,3 отсто.

Ревидираните економски проекции се објавени само неколку часа откако шпанската статистичка агенција објави дека економскиот раст на земјата благо забавил во второто тромесечие.

Имено, БДП на Шпанија во тој период пораснал за 0,7 отсто во однос на растот од 0,8 отсто од првите три месеци годинава.

 
Слично

Поврзани вести